Во Вашингтон инаугурација на Доналд Трамп и протести

Подготовки пред Капитол хил каде што ќе се одржи инаугурацијата на избраниот претседател на САД Доналд Трамп, Вашингтон, 19.01.2017.

Стотици илјади луѓе пристигнуваат во Вашингтон да ја прослават, но и да протестираат против претседателската инаугурација на Доналд Трамп. По пристигнувањето во Вашингтон Трамп вчера присуствуваше на положувањето венец во Арлингтон каде што се погребани американски војници кои загинаа во војни. Пред илјадниците поддржувачи на концертот во Линколн Меморијал, избраниот претседател Трамп вети дека ќе донесе, како што рече, „вистински промени“ во Вашингтон и ќе ја обедини длабоко поделената земја. Денеска тој ќе положи заклетва пред Капитол хил, по што со неговото семејство ќе учествува на парадата до Белата куќа. Се очекува на инаугурацијата, но и на протестите во Вашингтон да има над 900 илјади луѓе.