Минатата година, најтопла од почетокот на мерењето

Минатата година Земјата беше рекордно топла што е трета година по ред, соопштија научниците. Според нив, главен виновник е глобалното затоплување предизвикано од човечкото дејствување, како и природниот феномен Ел Нињо. Американската вселенска агенција НАСА и Националната управа за океани и атмосфера соопштија дека 2016 ја надмина 2015 како најтопла година од кога постојат податоци за тоа. Пресметано е дека просечната глобална температура лани била 14,84 целзиусови степени што е за 0,04 степени повеќе од 2015 година.