Трамп: не го сакам Твитер но го користам против „нечесните медиуми“

Избраниот американски претседател Доналд Трамп кој стана познат по неговото зачестено користење на Твитер за да ги искаже своите ставови и погледи изјави дека тој навистина не сака да твитува. Сепак, во интервју за телевизијата „Фокс“ тој рече дека ќе продолжи да го користи Твитер неколку пати дневно за официјални соопштенија како и за лични коментари, бидејќи не им верува на медиумите. „Твитер е мојот единствен начин на кој можам да ги неутрализирам“, рече Трамп кој има над 20 милиони следбеници на Твитер.