Во Турција задржани 27 луѓе за врски со напаѓачот во Истанбул

од полициската акција на турската полиција во Истанбул, 17.01.2017.

Турската полиција задржала 27 луѓе, главно од земји во Централна Азија, за поврзаност со напаѓачот од Узбекистан кој е обвинет за убиство на 39 лица во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ на новогодишната ноќ. Државната новинска агенција Анадолија јави дека уапсените главно биле од градот Бурса и оти некои од нив биле од кинеското муслиманско население Ујгури. Турскиот весник „Хуријет“ објави дека напаѓачот Абдулгадир Машарипов признал дека бил инструиран од лидерите на ИД во Рака, Сирија нападот да го изврши на плоштадот Таксим во Истанбул, но оти тој во последен момент се решил тоа да биде клубот „Реина“.