Обама: Трамп да не ги поврзува санкциите врз Русија со нуклеaрното разоружување

Американскиот претседател Барак Обама на финалната конференција за печатот, Вашингтон, 18.01.2017.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека санкциите врз Русија за анектирањето на украинскиот полустров Крим не би требало да се поврзуваат со разговорите за намалување на нуклеарното оружје. Според Обама, овие санкции треба да останат се додека Москва не заземе поинаков курс спрема Украина. Деновиве избраниот претседател Доналд Трамп сугерираше поврзување на санкциите со нуклеарното разоружување. Обама, на финалната конференција за печатот зборуваше за, како што рече, „руската растечка антиамериканска реторика“ која почнала откако Владимир Путин се врати како претседател во 2012 година. „Важно за САД да се држат до принципот дека голема земја на напаѓа мали земји“, рече Обама.