Времето денеска: облачно со повремен снег

Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег, во источните и јужните делови претпладне поинтензивни. Снежната покривка од овој снежен бран насекаде ќе се зголеми, на места за 20 до 30 см. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток. Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од минус два до два степена. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до нулата.