Додик ги отфрли санкциите на САД против него

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додиќ.

Националистичкиот лидер на босанските Срби, Милорад Додик, ги отфрли санкциите на САД против него и ја повика владата на БиХ амбасадорот на САД да го прогласи за „персона нон грата.“

Министерството за финансии на САД вчера ги објави санкциите против Додик за активно попречување на напорите за спроведување на Дејтонскиот договор од 1995 година со кој заврши војната во БиХ.

Додиќ денеска рече дека е „горд“ што бил ставен на црната листа.

Тој истакна дека санкциите докажале дека „не бил подготвен да тргува со интересите на Република Српска.“

Додик рече дека амбасадорот на САД во Босна, Морин Кормак бил „непријател на Србите“ и оти непожелен во Република Српска.