Вељаноски: Катица Јанева работи по наредбите на Заев

Архивска фотографија.

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција излезе со реакција на одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се откаже од обвинението за „Пуч“, со цел да бидат прибавени дополнителни докази.

Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека обвинителката Катица Јанева вообичаено „срамните одлуки ги носи пред празиник, надевајќи се дека празниците ќе го покријат нејзиното партиско и политичко постапување.“

„Катица Јанева не е обвинител кој работи независно и согласно закон, туку по наредбите на Заев и нарачателите од странство“, порача Трајко Вељаноски од ВМРО ДПМНЕ.

Според него, со одлуката, СЈО целосно се делегитимирало и самото се откажало од основната функција за која што било формирано. Вељановски истака и дека од денеска Заев е криминалец кој е аболициран по втор пат и дека покрај тоа што бил заштитен од криминална одговорност за „Пуч“, тој ќе мора да се соочи со правдата.