Можни нови тензии за спорот меѓу Хрватска и Словенија

поглед на Пиранскиот залив од Хрватската страна на границата со Словенија.

Можни се нови тензии меѓу Словенија и Хрватска поради арбитражната пресуда во граничниот спор во Пиранскиот залив, која Словенија ја очекува оваа година, нагласи денеска шефот на дипломатијата Карл Ерјавец.

„Ако Хрватска не ја почитува пресудата на арбитрите, тоа може да предизвика дополнителни тензии“, нагласи Ерјавец за време на седница на парламентарен одбор за надворешна политика.

Одбивајќи критики на опозициски пратеници, Ерјавец нагласи дека „непочитуваната пресуда на арбитрите сигурно нема да му е од корист на туризмот и економската соработка“.

Министеротги повика сите партии во државата да покажат единство за прашања во надворешната политика.

„Ве повикувам на единство бидејќи во спротивно, ќе имаме дополнитени проблеми со арбитражата“, нагласи тој.