Естонија и Литванија дозволија распоредување сили на САД

Вежби на НАТО во Литванија, декември 2016.

Естонија и Литванија потпишаа билатерални договори со Соединетите држави за официјализирање на присуството на американските сили на нивна територија. Третата балтичка држава Летонија потпиша сличен договор со САД во минатата недела. Со договорите се олеснува разместувањето американски сили во тие земји и се дозволуваат воени маневри. Во меѓувреме, Литванија соопшти дека планира изградба на стотина километри долга ограда на границата со областа Калининград, руска енклава која се граничи со таа земја.