САД воведоа санкции против Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска ќе и се обрати на јавноста по повод санкциите што против него ги воведоа Соединетите држави, соопштено е од неговиот кабинет. Американската амбасадорка во БиХ Морин Кормак потврди синоќа дека САД воведоа санкции против Додик поради опструкции на Дејтонскиот договор. Претставници на американската администрација веќе неколку години не комуницираат со Додик, а ситуацијата ескалира откако на 25 септември лани и покрај забраната на Уставниот суд на БиХ беше одржан референдум за прогласување на 9 јануари за ден на Република Српска. Санкциите подразбираат забрана на патување во САД и замрзнување на имотот на територијата на САД.