Антонио Тајани, нов претседател на Европскиот парламент

Антонио Тајани, нов претседател на Европскиот парламент, 17.01.2017.

Италијанскиот десничар Антонио Тајани синоќа е избран за нов претседател на Европскиот парламент, соопшти претседателот во заминување Мартин Шулц. 63 годишниот Тајани е избран во четвртиот и последен круг на гласање со просто мнозинство од 351 глас, додека за неговиот ривал и сонародник Џани Питела гласале 282 пратеника. Двајцата водеа на претходните три гласања, но ниту еден не го доби потребното апсолутно мнозинство. Обраќајќи им се на пратениците, Тајани изјави дека ќе ги почитува сите политички групи. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кој исто така е претставник на десниот центар му честиташе на Тајани наведувајќи дека е подготвен да соработува со него.