Тачи: Се надевам дека Србија извлече поука

Архивска фотографија-Премиерот на Косово Хашим Тачи со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј

Претседателот на Косово Хашим Тачи на Твитер по повод запирањето на возот на линијата Белград Северна Митровица , напиша дека се надева оти Србија извлекла поуки од својата провокација кога го испратила возот на Косово

"Добрите соседи не си пречат едни со други, тие разговараат ",напиша Тачи.