Колона од автомобили на Деве баир

Граничен премин

На граничниот премин Деве Баир за излез од Македонија се чека од 30 минути до еден час, додека на другите гранични премини нема подолги задржувања, соопшти Автомото-сојузот на Македонија.

Граѓани пак кои се на пат за бугарскиот скијачки центар Банско велат дека на граничниот премин Деве Баир од страната на Крива Паланка има колона од автомобили во која за премин кон Бугарија се чека по околу 2 часа.

Како што соопшти АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Слаб снег провејува на Попова Шапка кој не се задржува на коловозот. Се уште не е прооден патниот правец Македонски Брод-с.Здуње, каде гравитираат 11 села.