Конференција за блискоисточните мировни разговори во Париз

Американскиот државен секретар Џон Кери

Претставници од повеќе од 70 земји и организации присуствувуваат на денешната конференција во Париз за да упатат барања за обновување на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците. Палестинците го поздравија собирот, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – кој одби да присуствува - рече дека конференцијата е "наместена" против Израел. Последната рунда од директните разговори за мир, пропаднаа во април 2014 година, по девет месеци преговори. Американскиот државен секретар Џон Кери присуствува на собирот, но администрацијата на Доналд Трамп не учествува. Статусот на Ерусалим е еден од најчувствителните и комплексни прашања на конфликтот. Трамп вети за време на изборната кампања дека ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел. Палестинците го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава.