Вучиќ: возот останува во Рашка

Возот кој по 18 години тргна од Белград кон Косовска Митровица

Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави оти донел одлука возот кој тргна од Белград да биде запрен во Рашка за да се сочува безбедноста на патниците и да се избегнат судири.

"Кон Косовска Митровица тргна патнички воз, а не тенк, но се случуваат речиси неверојатни работи,изјави Вучиќ, вечерва по итната седница на Бирото за координација на службите за безбедност.

"Ја известив Могерини дека сум разочаран од реакцијата на ЕУ на овие случувања. За овие случувања ќе ја известиме и Русија, утре и Кина и потпретседателот на САД, за да ги известиме дека Приштина игра воени игри, рече Вучиќ.

"Србија сака мир, Србите ги повикувам да останат мирни, а моето последно предупредување и молба до Албанците на Косово и Метохија е да не се обидуваат да ги нападнат Србите со оружје, зашто Србија тоа нема да го дозволи", изјави Вучиќ.

Наaјвено е дека утре ќе се одржи седница нa Советот за национална безбедност.

Денеска од главнатa железничка станица во Белград прв пат по 18 години тргна воз кон Косовска Митровица.