СДСМ: увезената струја на штета на домашните енергетски капацитети

Архивска фотографија-Протест на времено вработени во ТЕЦ Осломеј кои бараат постојано вработување.

Да работеа ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј и стабилно да работеше РЕК Битола, граѓаните немаше да мора да платат огромни 4.2 милиона евра за струја од увоз, за само две недели, пишува во соопштението на СДСМ.

„Денешното призинание дека за да се активираат помошните котли на ТЕЦ Осломеј потребно е допрва да се обезбедат нафта и услови за покревање на системот не е изненадување за граѓаните кои ја казнија несовесната власт и избраа промени, се вели во соопштението.

СДСМ укажува дека надвор од употреба остана и ТЕЦ Неготино, иако, како што се наведува во соопштението, можеше да произведува најмалку два пати поевтина струја од скапите и до 240 евра по MWh, по коишто периодов се набавуваше струјата од увоз.

СДСМ предупредува дека за многу брзо време ќе стане јасно дали причината поради којашто власта во заминување ги остави неактивни домашните енергетски капацитети се криминални интерси од скапиот увоз на струја.