Папата го прими Абас во Ватикан

Палестинскиот претседател Махмуд Абас

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се сретне со папата Франциско денеска во Ватикан пред утрешната мировна конференција во Париз. Абас повтори дека Палестиците се противат американската амбасада од Тел Авив да биде преместена во Израел, велејќи дека тоа ќе ги убие сите надежи за мировните преговори. Палестинците го сметаат источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава. Абас, исто така, побара од рускиот претседател Владимир Путин да ги спречи САД да ја преместат нивната амбасада во Ерусалим. По средбата со Папата , Абас присуствуваше на отворањето на палестинската амбасада во Ватикан. Ватикан официјално ја призна "палестинска држава". Утре Франција е домаќин на повеќе од 70 земји на мировен самит за Блискиот Исток што е последна шанса за администрацијата на Обама да постави своите позиции за регионот.