Трамп е отворен за укинување на санкциите aко Русија им "помага" на САД

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави за Вол Стрит Џурнал дека тој ќе ги задржи американските санкции против Русија засега, но оти е отворен за нивно укинување во зависност дали Русија е корисна за САД. Во едночасовното интервјуто објавено вчера , Трамп, изјави дека ќе се задржат санкциите за Русија ", барем за еден одреден период ". Но тој, рече оти тоа може да се промени: "Ако сме заедно и ако Русија навистина ни помага, зошто некој би имал санкции за некој кој прави навистина големи работи? "

За Кина, Трамп изјави дека во зависнот дали гледа напредок во Пекинг на корекција на она што тој го гледа како искривена трговска и девизна политика кон САД ", се е под преговори, вклучувајќи и политика на една Кина".