Бајден го пофали идниот потпретседател Пенс

Aрхивска фотографија- Американскиот потпретседател Џо Бајден со неговиот наследник Мајк Пенс,16.11. 2016

Американскиот потпретседател Џо Бајден го пофали човекот што ќе го наследи на неговата позиција. Тој рече дека избраниот потпретседател Мајк Пенс знае повеќе за Русија од неговиот колега, избраниот претседател Доналд Трамп. Во интервјуа за репортерите од Белата куќа Бајден рече дека бил импресиониран од Пенс и дека смета оти неговите мислења за Русија и за нејзиниот претседател Владимир Путин се добро информирани. Никогаш не знаев што мисли Трамп кога зборува за Русија, рече Бајден, нагласувајќи оти смета дека Мајк е значително повеќе информиран за руските намери, можни интенции и однесување на Путин.

Бајден како дел од администрацијата на Обама беше вклучен во многу важни настани, вклучително и во развојот на односите со Украина и со Ирак. Тој ја планира неговата последна посета како потпретседател на САД на Украина на 15 јануари.