Преговорите за Кипар продолжуваат во идната недела

Учесниците на преговорите за Кипар, Женева, Швајцарија, 09.01.2017.

Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасијадес и Мустафа Акинџи посветени на напорите за обединување на Кипар, завршија синоќа во Женева со договор да продолжат на 18 јануари, на ниво на експерти. По завршувањето на преговорите генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека двете преговарачки страни се подготвени да ги направат „последните напори“ за изнаоѓање решение за поделениот Остров. По завршувањето на разговорите шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу најави дека експертските преговори на 18 јануари ќе се одржат во истиот формат како и вчерашните, односно со учество на претставници на двете кипарски заедници, Велика Британија, Грција и Турција.