Турскиот парламент ги усвои клучните амандмани за уставните реформи

Турското Големо народно собрание

Турското Големо народно собрание во текот на минатата ноќ ги оодбри клучните амандмани на Уставот, со кои на претседателот на државата му се овозможува да владее по пат на декерти и да биде член на политичка партија. Со ова, како што оценуваат аналиитчарите во Анкара, Турција направи чекор напред кон замена на сегашниот парламентарен со претседателски систем, со што и правно ќе биде регулирана зајакнатата извршна власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Благодарение на поддршката на десничарската Партија на националистичката акција, владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган успеа да обебзеди мнозинство во Парламентот за усвојување на уставните реформи. Целиот пакет уставни реформи се состои од 18 амандмани, кои по пооделното одобрување, треба да бидат изгласани од Парламентот и во целина, по што за промените треба да се изјаснат и граѓаните на референдум.