Меркел: ЕУ не треба вечно да се потпира врз поддршката на САД

Германскиот канцелар Ангела Меркел, Келн, Германија, 09.01.2017.

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги повика земјите членки на ЕУ да ја зголемат безбедноста, како и соработката во одбраната. Таа оцени дека тие не би требало веќе да се потпираат врз „вечната“ американска поддршка. „Уверена сум дека Европа и ЕУ мора да научат да бидат поодговорни во иднина“, рече Меркел за време на посетата на Брисел, додавајќи: „Наивно ќе биде секогаш да се поврзуваме со други кои би ги решиле проблемите во нашето соседство“.