БЕГ:Нормализирана испораката на топлинска енергија во Центар и Карпош

Испораката на топлинска енергија во централниот дел на Скопје и делови од општина Карпош е нормализирана, соопштија вечерва од „Балкан Енерџи Груп“. Потрошувачите од овие делови на Скопје постепено, во текот на вечерва добиваат нормална испорака на топлинска енергија, се вели во соопштението. Во него се наведува и дека со оглед на тоа што се работи за поголем дефект во топлинската мрежа, нивните екипи ќе останат на терен и во текот на ноќта и ќе работат на целосно отстранување на дефектот со цел, како што истакнуваат, да се обезбеди редовно и стабилно снабдување во системот на топлинска енергија.