Белата куќа за критиките на Трамп за разузнавачките служби

избраниот претседател на САД Доналд Трамп, Њујорк, 11.01.2017.

Белата куќа ги нарече за „навредливи“ тврдењата на избраниот претседател Доналд Трамп дека американските разузнавачки служби биле виновни за објавувањето на доверливиот извештај во кој се наведува дека Русија поседувала компромитирачки материјал за приватниот живот и финасиите на Трамп. Претходно тој изјави дека разузнавачките служби не смееле да дозволат лажни вести да дојдат во јавноста. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст оцени дека е „навредливо за кој било, на кое било ниво да ги доведува под прашалник интегритетот и мотивите на оние што се грижат за американската нација“.