Врховниот и Кривичниот суд може да добијат нови претседатели

Врховен суд на Македонија

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски по завршувањето на денешната седницата на Советот изрази надеж дека претседателите на Кривичниот и на Врховниот суд ќе се изберат најдоцна до крајот на јануари. На седницата, како што информираат од Советот, биле прифатени и дел од приговорите за оценување на кандидатите за претседатели на судовите. Седницата се одржа зад затворени врати.

Поранешната претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова побара кога ќе се разгледува нејзиниот приговор расправата да биде јавна што не беше прифатено од советот. Караџоски посочи дека барањето на Неделкова е неосновано.