Протести за поддршка на Харадинај пред француската амбасада

Протестите против апсењето на Рамуш Харадинај пред француската амбасада во Скопје.

Стотина албански студенти, интелектуалци и поранешни борци на ОНА, денеска одржаа протест пред француската Амбасада во Скопје. Тие се противат на одлуката на Франција за апсење на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај и бараат негово итно ослободување. Француската полиција го уапси Харадинај пред неколку дена по налог издаден пред неколку години од страна на српските власти.

Српското обвинителство за воени злосторства до Министерството за правда денеска достави наредба за проширување на истрагата против Харадинај.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протести во Скопје за апсењето на Харадинај