Притвор за 60 бизнисмени во Турција за врски со Ѓулен

Исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен

Турски суд денеска им одреди мерка притвор на 60 бизнисмени осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Турските власти го обвинуваат Ѓулен за организација на неуспешниот обид за преврат во јули минатата година.

На останатите 50 бизнисмени кои беа дел од групата обвинети за „членство во терористичка организација“ судот им одреди условни казни. Обвинителството најави жалба на пресудите за условни казни. Минатата недела беше објавена потерница против 380 деловни луѓе од Турција под обвинение дека го финансирале движењето на Ѓулен.