Српското обвинителство со нови докази за Харадинај

Рамуш Харадинај

Српското обвинителство за воени злосторства до Министерството за правда денеска достави наредба за проширување на истрагата против Рамуш Харадинај. Наредбата се однесува за дела кои не се опфатени со истрагата против Харадинај која се водеше од 2004 година врз основа на која е распишана и потерницата против него. Министерството за правда вчера испрати барање до Франција за екстрадирање на Харадинај.