Собранието на Косово не изгласа резолуција за притворот на Харадинај

Собранието на Косово

Собранието на Косово на вчерашната вонредна седница за притворањето на лидерот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен премиер Рамуш Харадинај не успеа да усвои ниту една од двете предложени резолуции. Харадинај беше уапсен во минатата среда во Франција, по налог на Србија поради сомневања дека во 1998 и 1999 година извршил воени злосторства за време кога бил командант на ОВК. Судот во Франција реши Харадинај да остане во притвор додека Србија не достави барање за екстрадиција. Србија тоа вчера и го направи. На Харадинај му беше судено на Хашкиот трибунал, но во 2012 беше ослободен од сите обвиненија.