Обама ќе го одржи прошталниот говор

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама е во Чикако каде што ќе го одржи прошталниот говор на крајот на неговиот втор мандат. Во обраќањето, кое ќе се одржи ноќеска во 3 часот по полноќ по македонско време, се очекува Обама да се осврне на главните достигнувања од неговото претседателствување, како реформите во здравството, договорот за нуклеарната програма на Иран и подобрувањето на односите со Куба. Сите овие политики беа напаѓани од неговиот наследник Доналд Трамп. Мандатот на Обама завршува на 20 јануари, кога новиот претседател Трамп треба да положи свечена закклетва.