Четирите синдикати велат дека аргументите се на нивна страна

Четирите грански синдикати - СИЕР, УПОЗ, Агро Синдикат и СУТКОЗ вчера протестираа пред ССМ

Четирите грански синдикати - СИЕР, УПОЗ, Агро Синдикат и СУТКОЗ преку пишано соопштение до медиумите порачуваат дека се решени да ја продолжат борбата низ институциите, бидејќи се уверени дека аргументите и правото се целосно на нивна страна.

„Затоа во текот на утрешниот ден ќе побараме прием кај министрите во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи за да добиеме одговор како е поништено решението за именување на Дарко Димовски, односно кој издаде наредба полицијата да влезе во зградата на ССМ и да не дозволува да влезат вработените во синдикатите“, се вели во соопштението од четирите грански синдикати.

Живко Митревски, се посочува во соопштенито, шири лажни обвинувања за четирите сидикати кои неосновано, нестатутарно и незаконски ги исклучи од ССМ.

Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, преку пишано соопштение до медиумите прашува каде отишле над 15 милиони денари од членарина за последните две години од овие четири синдикати.