Груевски на средба со коалиционите партнери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е на средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.

Груевски вчера го доби мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов, по последните предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат.