Дачиќ: имало план за напад врз српска амбасада

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека информацијата за планот на албанската дијаспора да нападне некоја амбасада на Србија во странство поради апсењето на Рамуш Харадинај дошла од безбедносни служби на една западна земја. Во интервју за Радио телевизија Србија тој ги нарече бесмислени наводите дека Србија измислила или планирала сама да изведе таква акција за да бидат обвинети албанците. Дачиќ додаде дека се знаело која амбасада во странство би била цел на нападот. Харадинај беше уапсен во минатата недела по налог на Србија поради сомневање за воени злосторства.