Рускиот дипломат во Атина починал од природна смрт

Истражен тим пред станот на починатиот руски конзул во Грција Андреј Маланин, Атина, 09.01.2017.

Рускиот дипломат 55 годишниот Андреј Маланин кој беше пронајден мртов во неговиот стан во Атина починал од природна смрт, потврдија грчки и руски официјални претставници. Тој беше шеф на конзуларното одделение во руската амбасада во Атина. Се наведува и тоа дека немало насилно влегување во станот.