Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови облачно со повремени локални врнежи од снег кои ќе бидат со умерен, а во останатите делови со послаб интензитет. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 18 до минус шест, а дневната од минус 10 до минус три степени. Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со врнежи од снег со послаб интензитет. Утринската температура ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе се искачи до минус девет степени.