Меркел бара побрза депортација на одбиените за азил

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика службата за миграција, но и другите институции надлежни за мигранти, да ја забрзаат депортацијата на оние луѓе кои не успеале да добијат азил. Меркел денеска рече дека властите може побрзо да одлучуваат дали некој барател на азил може да остане во Германија или пак во нивните матични земји е безбедно за да може да се вратат дома. Таа говорејќи на конференција на државните службеници, рече дека ќе направат „национални напори“ за да се осигура дека оние кои не добиле азил да се вратат дома. Но рече дека таквите напори ќе успеат само ако се преговара со почит со земјите во кои луѓето треба да се вратат. Вчера германските власти се заканија дека ќе стават крај на помошта кон земјите кои одбиваат да ги примаат назад одбиените баратели на азил.