Договор за Кипар - тешко, но не е невозможно

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис (лево) и специјалниот пратеник на ОН за кипарското прашање, Еспен Барт Ејде во Швајцарија.

Постигнувањето мировен договор за Кипар е тешко, но не и невозможно, изјави денеска специјалниот пратеник на ОН за кипарското прашање, Еспен Барт Ејде.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџа, денеска се сретнааво Женева во рамки на клучната етапа од преговорите за обединување на етнички поделениот остров.

Ејде, поранешен министер за надворешни работи на Норвешка, нагласи дека ОН само ќе помага во преговорите меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, но нема да биде арбитер.