Турскиот парламент расправа за зајакнување на власта на Ердоган

Парламентот на Турција

Турскиот парламент денеска ја започна расправата за контроверзениот пакет уставни амандмани со кои ќе може да се зајакне извршната власт на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Со пакетот се предлага претседателот да именува влада, предлага буџет и прогласува вонредна состојба, како и да може да се кандидира уште два пати за таа функција, со што Ердоган ќе може да биде на власт уште десет години. Со измените ќе се зголеми и бројот на пратеници од 550 на 600, а ќе се намали возрасната граница на пратениците од 25 на 18 години. Критичарите на Ердоган коментираат дека овој пакет амандмани се дел од обидот на турскиот претседател и неговите сојузници да се зголеми апсолутната моќ на Ердоган и да се воспостави претседателски систем на владеење. Ердоган и неговата партија, пак, тврдат со ова ќе ја приближат Турција до држави со слични политички системи како Франција и САД.

Параламентарната расправа за новите амандмани се очекува да трае околу 15 дена, а за да помине пакетот неопходно е да го поддржат најмалку 330 пратеници. Владејачката Партија за правда и развој за сега има поддршка за амандманите од десничарското Националистичко движење.