Ирачките сили стигнаа до реката Тигар во Мосул

ирачки сили во Мосул, јануари 2017.

Ирачките сили кои се борат против милитантите на Исламската држава во Мосул соопштија дека стигнале до источниот брег на реката Тигар, голем чекор во офанзивата поддржана од САД за повторно заземање на градот од ИД. Ирачките сили веќе ја имаат контролата врз оваа река во јужниот дел на Мосул. Офанзивата за Мосул, вториот по големина град во Ирак, беше покрената на 17 октомври минатата година. Мосул е последно поголемо градско упориште на милитантите на ИД во Ирак.