Руската полиција накратко уапси шестмина демонстранти

Архивска фотографија. Собир на руски и украински активисти пред руската амбасада во Киев. 07.02.2016

Руската полиција накратко уапси шест лица кои денеска организирале протест во Москва, барајќи властите да откријат каде е затворен активистот Идар Дадин, кој рекол дека бил мачен во затвор.

Демонстрантите биле ослободени откако поминале околу четири часа во полициски притвор во Москва.

Истакнатиот опозициски лидер Алексеј Навални на Твитер објави две фотографии од жена, која ја опиша како демонстрант. На едната фотографија е прикажана жена како држи плакати, на едната напишано „Каде е Идар Дадин?“, а на другата „Тортура во руските концентрациони логори.“ На втората фотографија на Навални е прикажана жена придружувана од двајца полицајци.

34-годишниот Дадин е првиот руски државјанин затворен 180 последователни дена за учество во повеќе од два непријавени јавни собири, според контроверзниот закон од 2014 година за кој критичарите велат дека е дел од напорите на Кремљ да ги задуши дисидентите за време на третиот мандат на претседателот Владимир Путин.