Времето денеска: сончево, со локална облачност

Во Македонија ќе биде сончево, а во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од три до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температурата ќе достигне до пет степени.