Јилдирим - Напаѓачот од Истанбул не бил облечен како Дедо Мраз

Луѓе денеска положуваат цвеќе пред ноќниот клуб во Истанбул во кој за новогодишната ноќ беше извршен крвав терористички напад

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги отфрли медиумските тврдења според кои напаѓачот кој отвори оган во ноќен клуб во Истанбул, при што загинаа 39 лица за време на прослава за Нова година, носел костум на Дедо Мраз.

„Тоа не е точно. Она што го знаеме ние е дека тој е вооружен терорист“, изјави Јилдирим.

Турскиот премиер прецизира дека напаѓачот најпрво ги нападнал лицата од обезбедувањето, а потоа отворил оган во локалот.

Тој успеал да избега од локалот поради хаосот кој го создал.

„Сè уште е критична состојбата на три повредени лица“, додаде Јилдирим.