Северна Кореја развива интерконтинентални балистички проектили

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, рече дека неговата земја е во „завршна фаза“ од развивањето на интерконтинентални балистички проектили. Во новогодишното телевизиско обраќање, тој рече дека Северна Кореја „порасна како нуклеарна сила“ во 2016 година, а наскоро ќе има и интерконтинентални балистички проектили.

Во меѓувреме, премиерот на соседната Јужна Кореја, Хванг Кјо-ан, во новогодишното обраќање рече дека неговата земја значително ќе ги зголеми воените трошоци.

Северна Кореја спроведе два теста на атомски бомби и бројни тестирања на балистички проектили во 2016 година.