Русија одговори со затворање на американско училиште

Руската амбасада во Вашингтон, 29.12.2016.

Телевизиската мрежа Си Ен Ен јавува дека руските власти наредиле затворање на Англо американското училиште во Москва откако Соединетите држави воведоа нови санкции поради руското мешање во американските избори. Во училиштето учат деца на персоналот во американската, британската и канадската амбасада. Си Ен Ен јавува дека на американскиот персонал му е забранет влезот и во куќата за одмор во близина на Москва. Ова, според посматарчите, е директен одговор за затворањето на два имота во областа на Вашингтон кои биле користени од руски дипломати. Русија за денеска најави повеќе контрамерки на американските санкции. Вчера претседателот Барак Обама потпиша декрет со кој се воведуваат санкции за руските разузнавачки служби и донесе одлука за протерување на 35 руски дипломати од САД.