Лажна вест покрена Твитер судир меѓу Пакистан и Израел

Лажна вест дека поранешен израелски министер му се заканил на Пакистан со нуклеарен напад предизвика судир на Твитер меѓу двете земји кои немаат дипломатски односи. Сајтот АВД објави вест дека поранешен министер за одбрана на Израел се заканил со нуклеарен напад доколку Пакистан испрати свои сили во Сирија. На тоа пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Мухамед Асиф веднаш реагирал со порака преку Твитер дека и Пакистан поседува нуклеарно оружје. Нешто подоцна израелското министерство за одбрана преку Твитер испрати соопштение дека веста на сајтот АВД била „целосно измислена“. Потврдено е дека се работи за сајт кој објавува лажни вести.