Божиќна порака на папата Франциско: „Да замолкне оружјето во Сирија“

Папата Франциско на централниот балкон на базиликата Свети Петар. 25.12.1016

Папата Франциско повика на мир на Блискиот Исток и понуди утеха за оние кои ги загубиле саканите од тероризам.

Испраќајќи ја денеска неговата традиционална порака за Божиќ од централниот балкон на базиликата Свети Петар, папата повика да замолкне оружјето во Сирија, велејќи дека „премногу крв е пролеана“ во скоро шестгодишниот конфликт.

Повикувајќи се на оние кои страдаат во сириската војна, особено на „најстрашните битки“ во Алепо, тој упати повик до меѓународната заедница за мирно решение.

Во говорот кој доаѓа по помалку од една недела од мртоносниот терористички напад во Берлин, Папата рече дека се надева на „мир на оние кои загубиле драга особоа како резултат на брутален акт на тероризам.

Папата Франциско исто така ги повика Израелците и Палестинците да ја отфралт омразата и одмаздата.

Тој повика на крај на „фундаменталистичкиот тероризам“ кој како што рече „експлоатира дури и деца“ и ги повикува да станат самоубиствени напаѓачи.

Папата исто така повика да им се помогне на помалку среќните, вклучително мигрантите, бегалците.

На плоштадот Свети Петар имаше големо полициско обезбедување, каде се собраа околу 40 илјади луѓе.