Германската полиција не е сигурна дека уапсениот е возачот на камионот

Камионот со кој се изврши нападот во Берлин.

Шефот на берлинската полиција Клаус Канд изјави денеска дека се уште не е јасно дали мажот кој бил уапсен по нападот со камион кој влета во толпа на божиќен пазар во градот го управувал возилото. Полицијата не го откри идентитетот на осомничениот за нападот во кој загинаа 12 лица, а повредени беа педесетина.

Медиуми, цитирајќи полициски извори, јавија дека се работи за 23 годишен мигрант од Пакистан, кој живеел во хостел за бегалци во Берлин. Според полицијата, уапсениот негирал вмешаност во инцидентот.