Најмалку 12 загинати кога камион влетал во божиќен пазар во Берлин

Берлин, 19.12. 2016.

Берлинската полиција соопшти дека најмалку 12 луѓе загинале, а десетици биле повредени кога синоќа камион влетал во преполн божиќен пазар во Берлин. Полицијата исто така соопшти дека и натаму истражува дали станува збор за несреќа или за терористички напад. Полицијата уапсила едно лице во близина на пазарот за кој се верува дека управувал со каминот. Совозачот, за кој полицијата соопшти дека бил полјак, загинал. Новинската агенција ДПА јави дека уапсеното лице најверојатно дошло во Германија како бегалец од Авганистан или Пакистан.