Иран го обвини САД за кршење на нуклеарниот договор

Министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Џавад Зариф

Иран побарал состанок на комисијата која го надгледува спроведувањето на нуклеарниот договор со светските сили како одговор на обвинувањата од Техеран дека Соединетите Американски Држави го прекршиле договорот. Иранската агенција ИРНА вчера јави дека иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф побарал состанок во писмото испратено до шефот за надворешна политика на Европската Унија Федерика Могерини која ја координира работата на заедничката комисија. Во комисијата се Иран и светските сили кои го постигнаа договорот за иранската нуклеарна програма во јули 2015 година, односно ЕУ, Франција, Германија, Обединетото кралство, Русија, Кина и Соединетите Американски Држави.

На 15 декември Белата куќа соопшти дека договорот за Иран поминал во американскиот конгрес и ќе стане закон автоматски. Тој ќе им овозможи на американските законодавци да продолжат со санкциите за Иран во следните десет години. Иако претседателот на САД Барак Обама не го потпиша законот, тој на него не стави ниту вето.

Белата куќа соопшти дека законот нема да влијае врз спроведувањето на договорот за нуклеарната програма со кој Иран се согласи на ограничување на својата нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции.